Дома Фудбал Останато Легендата на Барса за Нејмар: Не го сакам назад, ќе биде само „бомба“ во соблекувалната

Легендата на Барса за Нејмар: Не го сакам назад, ќе биде само „бомба“ во соблекувалната

Иднината на Нејмар е предмет на повеќенеделни шпекулации, а покрај Барселона како потенцијален нов клуб на Бразилецот се споменува Реал Мадрид.

Сега можноста Нејмар да се врати во Барселона ја коментираше Христо Стоичков кој смета дека Бразилецот не и е потребен на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ констатно во текот на летото се поврзува со враќање на „Камп Ноу“ од каде што замина во 2017 година во рекорден трансфер од 222 милиони евра, а поранешниот бугарски репрезентативец е убеден дека неговото враќање не би било добар потег за Барселона.

„На Барселона Нејмар не и е потребен. Таму нема место за него, имаат важни играчи како што се Гризман, Меси, Суарез и Дембеле. Каде би играл тој? Би бил само бомба во соблекувалната која може да експлодира во секој момент. Јас лично не сакам да го видам повторно во Барселона“, изјави Стоичков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…