Aрсенал продолжи со својата очајна форма и овој викенд кога одигра 2:2 против Норвич.
„Топџиите“ и покрај промената на тренерот изгледаа лошо на теренот и можат да бидат среќни што извлекоа реми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот голман на Арсенал, Давид Семан беше фрустиран со играта во одбраната, но и воопшто со играта на лондонскиот клуб.
„Навистина боли. Кога јас играв од нас се очекуваше да освојуваме трофеи, а не сам ода бидеме помеѓу најдобрите четири екипи. На навивачите им беше кажано дека Арсенал се сли на „Емирати“ да стане уште подобар клуб, но работите не се промениле. Изгледаме многу лошо во одбраната. Не само што примаме голови, на противниците им оставаме многу шанси. Тоа е срамно“, изјави Дејвид Семан.