Поразот на Манчестер Јунајтед од Башакшекир во Лигата на шампиони дополнително ги засили критиките кон тимот и менаџерот.
Легендата на клубот, Пол Сколс беше најжесток во критиките и го нарече Јунантед „детски тим“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова е комично, ова е смешно, навистина. Морате да имате човек на средината од теренот кога изведувате корнер. Можете да видите како Мајк Фелан му кажуваше на Матиќ дека треба да биде поназад. Вака реагираат деца до 10 години. Јунајтед во моментов изгледа како тим на деца“, изјави Сколс.
„Разбирам доколку се работи за последна минута, се обидувате да постигнете гол по секоја цена, но ова да се случи по 15 минути. Ова е срамно. Не знам што правеа играчите во одбраната“, додаде Сколс.
Paul Scholes on Man Utd's defending for Demba Ba's opener ?? pic.twitter.com/JNftbK97aY
— Football on BT Sport (@btsportfootball) November 4, 2020