Легендарниот фудбалски тренер, Свен Горан Ериксон, на изненадување на многумина верува дека Милан ќе го освои Скудетото оваа сезона.
Ериксон одлично ги познава состојбите во Серија А бидејќи се прослави во Италија кога го освои Скудетото со Лацио во 2000 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека Интер е еден од фаворитите за освојување на Серија А, но загуби многу важни фудбалери кои е тешко да се заменат. Јувентус го загуби Кристиано Роналдо“.
„Од друга страна мислам изгледа силно и одигра добро против Ливерпул во ЛШ. На крајот мислам дека Милан ќе го освои Скудетото, Интер ќе биде втор, а Јувентус на трето место“, заклучи Ериксон.