Легендарниот фудбалер, Кларенс Сидорф би можел по паузата да се врати на тренерската функција, пренесуваат денес медиумите во Бразил.
Тој денес пристигна во Бразил, поточно во Куритиба, каде ќе преговара за преземање на екопата на Атлетико Паранаенсе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку, Сидорф веќе играше фудбал во Бразил во екипата на Ботафого каде го одигра и последниот меч како професионален фудбалер, а интересно е што го раскина договорот со тимот за да го преземе Милан како тренер.
По Милан, беше тренер во Кина, но не успеа тој тим да го внесе во првата лига, па потоа тимот беше преземен од страна на Свен Горан Ериксон.
Така што, по повеќе од една година, би можел да се врати на тренерската работа и тоа во Бразил.