Голманот на Баерн Минхен, Свен Улреих е трагичар на вчерашниот реванш од полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во кој Баварците се простија од настапот во Лигата на шампионите оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Улреих катастрофално реагираше после повратната топка од Толисо, а сето тоа го искористи Бензема кој постигна гол за 2:1. Баерн потоа успеа да дојде до 2:2, но тоа не беше доволно за пласман во финалето.
Киксот на резервниот голман кој оваа сезона е помеѓу стативите на Баерн поради повредата на Мануел Ноер го прокоментира и легендарниот Оливер Кан кој се потсети на негов сличен кикс.
„Многу е јасно дека имаше две замисли во тоа време – сакаше да ја фати топката со рака, но и да ја избие со нога. Таквите работи се случуваат и мене ми се случи такво нешто против Реал Мадрид при слободниот удар на Роберто Карлос“, се потсети Кан, а потоа доби прашање како се чуствувал.
„Не сакате да се разбудите следното утро“, кратко одговори Кан.