Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Легендарниот Италијанец претепан и ограбен додека го гледал натпреварот Шпанија – Италија!

Легендарниот Италијанец претепан и ограбен додека го гледал натпреварот Шпанија – Италија!

Поранешниот италијански фудбалер и добитник на „Златната топка“, Роберто Баџо, изминатата ноќ бил ограбен и претепан во неговиот дом.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кражбата се случила додека тој и неговото семејство на телевизија го следеле натпреварот помеѓу Италија и Шпанија на Европското првенство.

Петмина вооружени криминалци влегле во неговата вила кај Виченца, а поранешниот фудбалер се обидел да ги спречи, но еден од нив со рачка од пиштол го удрил во челото. Баџо и неговото семејство потоа биле затворени во плакар додека криминалците ја пребарувале вилата за пари и накит.

Како што пренесува „Кориере дела сера“, оваа кражба траела околу 40 минути, а кога Баџо сфатил дека крадците си заминале, ја скршил вратата и повикал полиција. Набрзо морал и да посети болница поради повредите кои ги заработил.

Баџо беше добитник на Златната топка во 1993 година, играше во најголемите италијански клубови Јувентус, Интер и Милан, а со репрезентацијата стигна до финалето на Светското првенство во 1994 година, кое го освои Бразил по изведувањето на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …