Дома Фудбал Останато Легендарниот голман „удри“ по Буфон: Не ми се јасни ни Џиџи ни ПСЖ

Легендарниот голман „удри“ по Буфон: Не ми се јасни ни Џиџи ни ПСЖ

Иако многумина очекуваа дека Џиџи Буфон по завршувањето на договорот со Јувентус ќе стави крај на кариерата, сепак легендарниот голман набрзо потпиша договор со ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот голман Себастијан Фреј долги години од кариерата помина во Серија А и истакна дека воопшто не му е јасна одлуката на Буфон, но ни таа на ПСЖ да го ангажира ветеранот.

„Не разбирам две работи. Не ми е јасно ни размислувањето на Џиџи, но ни тоа како ПСЖ гледа на работите. Како прво, зошто да го ангажирате Буфон кога имате одличен голман како Ареола? Јас го обожавам Џиџи, испиша историја, но ако бев на негово место ќе ја завршев кариерата“, истакна Фреј.

„Друга работа, ако го довеле да биде лидер во соблекувалната, тогаш тоа е еден исклучително скап лидер. ПСЖ во моментов има тројца голмани кои ги плаќа 18 милиони евра, а најплатениот има најмала минутажа“, заклули францускиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …