Проблем во таборот на светскиот шампион…
Германските медиуми предупредуваат дека кризата не е од вчера и дека видилово е дека нешто не е во ред.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Припремните натпревари против Австрија и Саудиска Арабија ги загрижија навивачите, но ако тоа беа само пријателски натпревари и резултатот не беше во втор план, поразот од Мексико на стартот од шампионатот ги шокираше Германците.
Овој пораз според некои медиум внесол и немир во соблекувалната.
Во Германија обично тоа не се случува, но сега наводно на површина испливала разликата помеѓу играчите и Лев.
Имено, Лев се потрпе на фудбалерите кои го освоија минатиот Мундијал, дури седумина од стартниот состав против Мексико беа дел од тимот кој ја освои минатата светска титула.
Тоа предизвикало реболт кај дел од младите играчи кои тврдат дека тренингот не е мерило и дека Лев ја прави грешката на неколку светски шампиони претходно и дека има голем кредит за играчите кои во овој момент не се во форма, како Озил.
Исто така убедени се дека Ноер кој долго време беше повреден не би требало да има предност во однос на Тер Штеген.
Во секој случај не е прв пат вакво нешто да му се случи еден светски шампион, вака помина Шпанија пред четири години, Дел Боске беше обвинет дека не го подмалдувал тимот и дека повикал играчи кои не заслужуваат да бидат таму, нешто слично помина и Липи кога Италија испадна во првиот круг во 2010 година.