Дома Топ вести Леверкузен ја одреди цената за најдобриот фудбалер – 150 милиони евра!

Леверкузен ја одреди цената за најдобриот фудбалер – 150 милиони евра!

Флоријан Вирц е најдобриот фудбалер во редовите на Баер Леверкузен кој зад себе има фантастична сезона во која ја освои Бундеслигата, но се уште е во игра и за трофеј во Купот каде што ги очекува финале, додека во Лигата на Европа се во четвртфиналето.

Сезонава Вирц постигна 17 голови и подели 18 асистенции и поради тоа очекувано е да има интерес од големите клубови.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Извршниот директор на Леверкузен, Фернандо Каро потврди дека Вирц може да замине, но само ако некој клуб за него плати 150 милиони евра

„Ние сме клуб со помал буџет од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, немаме дополнителни приходи и спонзори. Поради тоа мораме да заработуваме и со продавање квалитетни фудбалери. Вирц е наш лидер и ако некој сака да го купи ќе мора да плати 150 милиони евра“, изјави директорот на германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…