Дома Фудбал Германија Леверкузен почна да победува, па го смени тренерот!

Леверкузен почна да победува, па го смени тренерот!

Раководството на Баер Леверкузен одлучи да му врачи отказ на тренерот Хајко Херлих, и тоа откако тимот влезе во добра серија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, „фармацевтите“ победија на четири од последните пет меча, но тоа не беше доволно за Херлих да си ја зачува работата.

Причината за ваквата одлука се, наводно, тактичките недостатоци, проблеми во соблекувалната и мал број на фудбалери од академијата на клубот префрлени во првиот тим.

Во пролетниот дел од Бундеслигата, тимот ќе биде воден од поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ајакс, Петер Бош, кој својата официјализација ќе ја има на 4 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Луис Енрике откри кога планира да оди во пензија: Не сакам да бидам дедо покрај аут линијата!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике (56), ги сподели своите долгорочни намери, открив…