Дома Фудбал Леванте со голот на Барди извлече бод против Атлетико

Леванте со голот на Барди извлече бод против Атлетико

Лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид денес го одигра заостанатиот натпревар од 2. коло против тимот на Леванте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико и Леванте во овој меч ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Гледавме еден прилично изедначен натпревар со шанси и на двете страни. Поведе Леванте со голот на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди го матираше Облак после една одлична акција и асистенција од Де Фрутос. Атлетико до изедначување дојде преку Маркус Љоренте. Љоренте шутираше од далечина, еден играч на Леванте го промени движењето на топката и таа го измами голманот Аитор Фернандез.

Во вториот полувреме имаше по некоја шанса пред двата гола, меѓутоа резултатот не се промени. Со овој освоен бод Атлетико е на шест бода предност во однос на Реал Мадрид кој е второпласиран. „Јорганџиите“ сега имаат еден меч помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комо за Лигата на шампионите носи две ѕвезди на Реал Мадрид?

Комо се подготвува за својата прва сезона во Лигата на шампионите и планира амбициозни пот…