Само една сезона беше доволна за Енис Барди да експлодира во шпанската Примера и да го привлече вниманието на големите клубови.
Имено, реномираниот „ЕСПН“ пишува дека Пари Сен Жермен и Интер покажале интерес да го доведат Барди во своите редови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барди минатото лето пристигна во Леванте од редовите на Ујпест, пред се поради фантастичните настапи за репрезентацијата до 21 година која учествуваше на Европското првенство.
Леванте од Ујпест го доведе Барди за само 1.5 милион евра, а сега би можел да заработи и десет пати поголема сума. Барди одигра фантастична дебитантска сезона и беше најдобар играч на Леванте. Постигна девет голови во Примера, а дури пет од слободен удар сегмент во кој само Лионел Меси е подобар.
Во својот договор Барди има откупна клазула од 25 милиони евра и клубот од Валенсија сигурно нема да го пушти за помала сума.