Полскиот напаѓач Роберт Левандовски на своите фанови им ја откри една од своите најголеми тајни.
Сезонава Левандовски постигна дури 45 голови во сите натпреварувања и сигурно чекори кон титулата најдобар стрелец во Бундеслигата и Лигата на шампионите. Она што е карактеристично за неговите прослави на головите се стиснатите тупаници.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Левандовски објасни дека така започнал да ги прославува головите поради неговата ќерка.
„Кога мојата ќерка имаше две години така ги држеше рацете, па јас по неа започнав така да славам“, откри Левандовски.