Дома Фудбал Левандовски: Ова беше совршен момент за мене и Барселона

Левандовски: Ова беше совршен момент за мене и Барселона

Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски уште еднаш изрази уверување дека тимот ќе освои титули и покрај тешкиот старт во Примера против Рајо Ваљекано.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Мислам дека беше доволно време Барса да биде без трофеј. Сигурен сум дека ќе освоиме неколку сезонава“, изјави полскиот напаѓач.

„Кога првпат дознав дека Барселона е заинтересирана да ме донесе во тимот, веднаш помислив дека ова е совршен момент и за мене и за клубот“, смета Левандовски.

„Не сакав цела кариера да ја играм само во една лига. Во Бундеслигата се беше совршено за мене, стекнав непроценливо искуство, но знаев и дека заминувањето во Ла Лига ќе биде чекор напред за мене“, заклучи Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија прими гол за паметење

Шпанија игра со Ирак во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство, а по …