Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ќе биде дел од Барселона и во новата сезона во која ќе игра под водство на германскиот стратег Ханси Флик.
Левандовски игра добро во пријателските натпревари, а беше стрелец на двата голови против Милан изминатата вечер (2:2).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По натпреварот Левандовски истакна дека е среќен што соработува со Флик и најави како ќе играат Каталонците во новата сезона.
„Многу сум среќен и задоволен што работам со Ханси Флик повторно. Верувам дека ќе имаме одлична сезона и ќе ја завршиме држејќи трофеј во рацете. Не треба да запираме да напаѓаме откако ќе поведеме со 1-0, туку да продолжиме да бараме уште.
Бидејќи тоа е во крвта на овој клуб. И Ханси се вклопува во тоа со неговиот офанзивен пристап“, изјави полскиот голгетер.