Дома Фудбал Англија Левандовски го откри својот фаворит во Премиер лигата

Левандовски го откри својот фаворит во Премиер лигата

Напачачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски верува дека Ливерпул сезонава може да дојде до толку посакуваниот трофеј во Премиер лигата.

Полскиот репрезентативец многу добро го познава Јирген Клоп, откако двајцата работеа заедно во Борусија Дортмунд, каде два пати триумфираа со титулата во Бундеслигата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Под водство на Клоп мислам дека тие ќе се борат за титулата сезонава. Пеп и Манчестер Сити нема на никого да му ја олеснат работата во борбата за титулата, меѓутоа постои реална шанса. Тоа што немаат европски натпревари може многу да им помогне да останат свежи и да бидат здрави, дури и Клоп кој секогаш се смее ќе биде немилосрден и ќе сака истото да го искористи“, истакна Левандовски.

Клубот од „Енфилд“ има позитивен старт на новата сезона, во првите седум кола победи пет пати и со вкупно 16 бода е на четвртото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…