Дома Останати Кошарка НБА Леброн Џејмс призна: Последните три меча играв со скршена рака!

Леброн Џејмс призна: Последните три меча играв со скршена рака!

Ѕвездата на Кливленд Леброн Џејмс призна дека со големи болки и скршена дланка ги одиграл последните три натпревари во финалето против Голден Стејт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој не откри многу детали и само кратко истакна: „Дозволив да ме понесат емоциите, па последните три натпревари практично ги играв со скршена рака!“

Според ЕСПН, ѕвездата на Кливленд беснеел во соблекувалната по натпреварот број 1 и со бокс удрил во една табла за цртање. „Коњаницата“ беше на прагот на победа во овој меч, но имаше неколку судиски одлуки на нивна штата во финишот, а тука беше и глупавиот потег на Џеј Ар Смит во последните секунди, па Голден Стејт по продолженија стигна до триумф.

Леброн Џејмс постигна 51 поен на тој меч и реализираше седум тројки од 16 обиди. На следните три натпревари бројките драстично паднаа и „Кралот“ се мачеше со шутот од дистанца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…