Огнената стихија и понатаму беснее во Калифорнија.
Од година во година Калифорнија во ова време ја зафаќаат големи промени. Климатските промени, намерното подметување, уништувањето на природадата…се дел од факторите поради кои се случуваат ваквите работи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Природата не бира и не е важно дали сте богат, сиромав, ѕвезда или анонимец. Тоа сега го почуствува најголемата ѕвезда на денешницата во светот на кошарката, Леброн Џејмс. Имено, лидерот на Лос Анџелес Лејкерси бил евакуиран од својата куќа поради опасноста.
„Човече, пожарите не се шегуваат! Морав итно да ја напуштам мојата куќа со целото семејство и сум во потрага по смествување. Засега немам среќа“, напиша Џејмс на друштвените мрежи.
Инаку во Калифорнија поради опасноста се евакуирани повеќе од 200.000 жители.