Новата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерси откри што за него би претставувала круна на кариерата.
И покрај неговите бројни достигнувања и култни моменти во кариерата, едно нешто за Леброн Џејмс би било повредно од се и тоа би претставувало круна на неговата кариера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сакате да ме прашате што е најголемото достигнување во мојот живот? Тоа би бил моментот кога заедно со мојот син би играле заедно во НБА. За мене тоа би било успех број еден во НБА кариерата како играч“, истакна Леброн.
Зимајки предвид дека Џејмс има 31 години, неговиот сон би можел да стане реалност. Малиот Брони наскоро ќе наполни 14 години, а кога ќе наполни 19 (тогаш би можел во НБА) неговиот татко ќе има 38.
Меѓутоа, постои иницијатива да се врати претходното правило кое им овозможувшае на играчите од средно училиште директно да конкурираат за НБА драфтот, односно со 18 години.
LeBron says playing on the same court as his son would be his greatest NBA achievement. pic.twitter.com/2dsDBJPmPu
— ESPN (@espn) June 12, 2018