Дома Останати Кошарка Леброн со магичен настап го надмина Чемберлејн, Далас со 50 разлика ја победи Јута! (ВИДЕО)

Леброн со магичен настап го надмина Чемберлејн, Далас со 50 разлика ја победи Јута! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

ЛА Лејкерси стигнаа до осмата победа, а до триумфот против Портланд ги предводеше Леброн Џејмс кој стигна до учинок од 44 поени, 10 скокови и 9 асистенции, додека Џавал Мекги додаде 20, кај Портланд одличен беше Јусуф Нуркиќ со 21 поен и 14 скокови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со овие 44 поени Леброн го помина Вит Чембрлејн на вечната листа на стрелци на НБА. Изби на петтата позиција со 31.420 поени и потребни му се уште 872 поени за да го помине Мајкл Џордан на четвртата позиција.

Кошаркарите на Далас ја победија Јута со 118:68 и овој натпревар ги изненаду сите љубители на кошарката. Како е можно на тоа ниво, каде што секоја екипа има голем буџет и прилика да доведе солидни засилувања да изгуби со 50 поени разлика?!

Дончиќ повторно беше добар во дресот на Далас со 13 поени, 6 скокови и 2 асистенции, а покрај него се истакна Харисон Барнс со 19 поени и Џеј Џеј Баре со 14 поени. Кај Јута, Рики Рубио забележа 11, а донован Мичел 10 поени.

https://youtu.be/VBC-mlXVH8A

Останати НБА резултати

Филаделфија – Орландо 106:111

Кливленд – Вашингтон 95:119

Чикаго – Бостон 82:111

Мајами – Бруклин 120:107

Детроит – Торонто 106:104

Мемфис – Милвоки 116:113

Њу Орлеанс – Минесота 100:107

Њујорк – Оклахома 103:128

Сан Антонио – Феникс 96:116

Портланд – ЛА Лејкерс 117:126

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…