Дома Останати Кошарка Леброн не размислува за пензија: На 40 години добива договор од 162 милиони долари

Леброн не размислува за пензија: На 40 години добива договор од 162 милиони долари

Повеќе од две децении Леброн Џејмс настапува во НБА лигата, а иако во декември ќе наполни 40 години не планира наскоро да стави крај на кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Показател за тоа се и последните информации кои доаѓаат од САД. Имено, медиумите во САД најавуваат дека „кралот“ ќе ја продолжи соработката со Лејкерс и ќе добие голем договор.

Информациите се дека станува збор за договор на три години вреден 162 милиони долари. Во првата година од договорот Леброн ќе добие 50 милиони долари, во втората 54, додека во сезоната кога ќе има 41 година ќе добие уште четири повеќе, односно 58.

Член на Лејкерс Леброн е од 2018 година кога пристигна од редовите на Кливленд, а настапуваше уште и за Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обрадовиќ добил понуда со која може да стане најплатен тренер во Европа!

Легендарниот српски тренер Жељко Обрадовиќ би можел ова лето да се врати на местото на нег…