Дома Останати Кошарка НБА Леброн и Дејвис за прва домашна победа на Лејкерси, Јокиќ и Дончиќ запишаа трипл-дабл (ВИДЕО)

Леброн и Дејвис за прва домашна победа на Лејкерси, Јокиќ и Дончиќ запишаа трипл-дабл (ВИДЕО)

Во изминатата ноќ беа одиграни неколку интересни натпревари во НБА лигата ,а треба да се издвои дека Лос Анџелес Лејкерси предводени од Леброн и Дејвис ја запишаа првата победа оваа сезона во „Стејплс центарот“.

Лејкерси на свој паркет беа подобри од Јута со резултат 95:86.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првата четвртина двете екипи неколку пати се менуваа во водството за Лејкерси во самиот финиш од овој натпревар да стигнат до предност која ја задржаа до крајот на натпреварот.

Гостите резултатски се вратија кон крајот на втората и почетокот на третата четвртина, но Лејкерси токму во финишот на третата четвртина го решија натпреварот во своја корист. На почетокот на последниот период нивната предност изнесуваше +22 и тогаш беше јасно дека ќе ја однесат победата.

Леброн го предводеше својот тим со 32 поени, 10 асистенции и седум скокови, додека одличен настап имаше и Ентони Дејвис со учинок од 21 поен и седум скокови.

Лука Дончиќ одново имаше одличен настап за Далас и оствари трипл-дабл со 25 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Словенецот го предводеше Далас до победа против Њујорк Пеликанс. Одличен беше и Порзингис со 24 поени.

Портланд гостуваше кај Сакраменто и запишаа победа од 122:112 благодарение на Демијан Лилард кој постигна 35 поени.

Денвер го доби трилерот во Колорадо и после продолженија го победија Феникс со 108:107. Во победничкиот тим се истакнаа Џамал Мареј и Никола Јокиќ. Мареј беше најефикасен со 27 поени, додека Јокиќ запиша трипл дабл со 23 поени, 14 скокови и 12 асистенции.

НБА резултати:

Селтикс – Рапторс 112:106

Шарлот – Минесота 99:121

Бруклин – Њујорк Никси 113:109

Мемфис – Чикаго 102:110

Њујорк Пеликанс – Далас 116:123

Оклахома – Вашингтон 85:97

Сакраменто – Портланд 112:122

Лејкерси – Јута 95:86

Денвер – Феникс 108:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…