Дома Останати Кошарка НБА Леброн е најдобар стрелец во историјата на НБА! 🎥

Леброн е најдобар стрелец во историјата на НБА! 🎥

Леброн Џејмс станан најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.

Во поразот на Лејкерс од Оклахома (133:130) „кралот“ постигна 38 поени и додаде седум скокови и три асистенции. Во својата 20-та сезона во НБА лигата Џејмс постави рекордот со шут на 10.9 секунди пред крајот на третата четвртина и така го престигна Карим Абдул Џабар кој имаше 38.387 поени.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По поените Леброн, ги подигна двете раце во вис и погледна кон небото, а фотографите го опкружија додека во „Крипто ком Арената“ од трибините одекнуваше „МВП, МВП“.

Натпреварот на кратко беше прекинат и беше пуштена видео снимка од значајните моменти во кариерата на Леброн.

„Рекорд кој стоеше скоро 40 години, а многумина мислеа дека никогаш нема да биде сруштен. Леброн, ти си најдобар стрелец во историјата на НБА – ти честитам“, изјави комесарот на лигата Адам Силвер.

Потоа Абдул-Џабар му ја предаде топката на Џејмс, двајцата позираа пред фотографите, пред Леброн да го земе микрофонот.

„Ви благодарам верни навивачи на Лејкерс, многу ми значи тоа што го поставив рекордот во присуство на легенда како што е Карим. И благодарам на мојата прекрасна жена, мојата ќерка, двата сина, пријателите…“, порача Леброн.

Во текот на кариерата Леброн освои два прстени со Мајами Хит и по еден со Кливленд и Лејкерс, четири пати беше МВП во лигата и 19 пати учесник на ол-стар натпреварите, а 11 пати дел од идеалната постава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Леверкузен ја одреди цената за најдобриот фудбалер – 150 милиони евра!

Флоријан Вирц е најдобриот фудбалер во редовите на Баер Леверкузен кој зад себе има фантас…