Дома Останати Кошарка НБА Леброн блесна, Лејкерси ја прекинаа црната серија, блокада на Јокиќ за победа на Денвер 🎥

Леброн блесна, Лејкерси ја прекинаа црната серија, блокада на Јокиќ за победа на Денвер 🎥

Лос Анџелес Лејкерси ја прекинаа низата порази, додека Денвер на гости ја победија најдобар екипа во НБА.

Лејкерси гостуваа во Хјустон каде што го избегнаа шестиот пораз во низа благодарение на Леброн Џејмс. Џејмс го одигра еден од најдобрите натпревари во последно време и оствари трипл-дабл.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот беше изедначен до последните минути кога гостите одиграа одлична завршница и славеа со 123:132.

Џејмс натпреварот го заврши со 32 поени, 11 скокови и исто толку асистенции. Кај поразените се истакна Џелен Грин со 24 поени.

Нагетси гостуваа кај Голден Стејт и во не толку ефикасен натпревар славеа со 88:89. Екипата од Денвер одигра одличен натпревар. Имаше и предност од 20 поени, но благодарение на блокадата на Никола Јокиќ на неколку секунди пред крајот остварија важен триумф.

Токму Јокиќ беше главен херој во победата на Нагетс со 22 поени и 18 скокови и запишани пет асистенции. Кај Вориорси се истакна Стев Кари со 23 поени. Одлична поддршка имаше и од Ендри Вигинс со 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Милвоки 110:121, Мајами – Вашингтон 119:112, Торонто – Филаделфија 109:114, Хјустон – Лејкерси 123:132, Минесота – Њујорк Никси 88:96, Њу Орлеанс – Кливленд 108:104, Голден Стејт – Денвер 86:89, Сакраменто – Оклахома 117:111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …