Милан се обидува по секоја цена да го задржи својот најдобар фудбалер, Рафаел Леао и веќе подолго време преговара за продолжување на соработката.
Леао минатата сезона буквално „експлодира“ беше избран за најдобар играч во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот Португалец игра добро и на Мундијалот, па медиумите тврдат дека неколку клубови се спремни да понудат и до 100 милиони евра за неговиот потпис.
Меѓутоа, Милан сака да го задржи, а и самиот Леао потврди дека е блиску до потпишување на нов договор.
„Пред Мундијалот имавме многу позитивна средба со Малдини. Мислам дека кога ќе се вратам во Италија ќе постигнеме конечен договор“, изјави Леао.