Дома Фудбал Италија Леао беше на детални прегледи, познато дали ќе игра против Интер

Леао беше на детални прегледи, познато дали ќе игра против Интер

Рафаел Леао беше на детални лекарски прегледи кои покажаа лесно растегнување на адукторот.

Тоа значи дека готово сигурно Леао нема да може да игра на првиот полуфинален меч против Интер во Лигата на шампиони во среда.

Од клубот потврдија дека состојбата ќе се следи од ден на ден, Леао почнал со рехабилитација, па до последен момент ќе биде неизвесно дали ќе се опорави за дербито.

Португалецот се повреди вчера на мечот со Лацио во 10-та минута, а неговото отсуство ќе биде голем удат за „росонерите“ бидејќи тој е најважен играч на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бомба од Минхен: Баерн ја следи ситуацијата во Манчестер Сити и во јануари тргнува по една од ѕвездите?

Манчестер Сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот кој веќе со години го …