Дома Фудбал Ла Лига повторно сака еден натпревар да се игра во Америка, овој пат клубовите прифатија

Ла Лига повторно сака еден натпревар да се игра во Америка, овој пат клубовите прифатија

Челниците на шпанската Ла Лига претходната сезона сакаа барем еден натпревар од шпанското првенство да се игра во САД, но сите клубови тоа го одбија.

Ла Лига сакаше на почетокот од оваа сезона натпреварот Барселона и Џирона да се игра во Мајами, но тоа каталонските клубови го одбија. На многумина не им е јасно зошто натпревари од шпанската лига треба да се играат во Америка, но и покрај се Ла Лига не се откажува од оваа идеја.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новиот план на челните луѓе во шпанската лига е оваа сезона да се одигра еден натпревар во Америка. Градот кој би ги угостил шпанските клубови е Мајами, а натпреварот би се одиграл на стадионот Хард Рок.

Ла Лига има на план за бодовите во Мајами да се борат Атлетико Мадрид и Виљареал, а овој натпревар е на програмата на 8. декември. Во корист доаѓа фактот што челниците на Атлетико и Вињареал немаат ништо против оваа идеја.

„Нормално дека тоа може да се оствари и ќе видиме дали нашиот клуб ќе игра во Мајами. Со Атлетико договоривме тоа да се случи, но нормално треба согласност и од сите останати. Би сакал тоа да се случи бидејќи веруваме дека Ла Лига ќе има корист од тоа, за своја промоција во Амрика.“ – изјави претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …