Дани Олмо е еден од приоритетите на Барселона во летниот преоден рок и продолжува да работи на трансферот.
Според каталонското издание „Мундо Депортиво”, германскиот клуб ги информирал челниците на Барса дека се подготвени да го пуштат шпанскиот репрезентативец за 60 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона може да си дозволи само еден голем трансфер ова лето. Доколку Каталонците не успеат да го добијат напаѓачот Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, сите напори ќе бидат фрлени на трансферот на Олмо.
Минатата сезона играчот од средниот ред на 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања постигна осум гола и направи три асистенции.