Италијанската фудбалска федерација отвори истрага против Лацио поради можно нарушување на здравствените протоколи од страна на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе неколку недели во римскиот клуб владее хаос околу тестирањето за Ковид 19 и резултатите од тестовите. Дури 12 фудбалери имаа позитиви тестови и не отпатуваа за мечот против Бриж во Лигата на шампиони на 28 октомври, а четири дена подоцна многу од тие фудбалери настапија протов Торино во Серија А.
Лацио се жали на валидноста на тестовите, но во Федерацијата се сомневаат дека се манипулирало со резултатите и поради тоа е донесена одлука за темелна истрага.
Доколку истрагата потврди дека постои манипулација со резултатите Лацио поради кршење на строгите правила, загрозување на здравјето на фудбалерите и сите останати вклучени во натпреварите ќе биде санкциониран, а казните се драстични.
Од плаќање на голема сума пари, одземање бодови па се до исклучување од првенството.