Шпекулациите околу трансферот на Милинковиќ-Савиќ би можеле да дојдат до својата завршница во текот на ова лето.
Репрезентативецот на Србија во Лацио пристигна во 2015. година од Генк, а со игрите кои ги прикажуваше изминатиот период го привлече вниманието на голем број европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од година во година неговото име се поврзуваше со разни клубови, а денеска медиумите од Италија се убедени дека својата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ.
Дека Лацио се подготвува на тоа покажува и изјавата која ја даде спортскиот директор на овој клуб Игли Таре, кој помеѓу останатото, кажа дека знае кој ќе го замени СМС доколку дојде до трансфер.
„Имам еден играч на ум, но никогаш нема да го кажам неговото име. Подобро би се убил.“ – изјави Таре.
Милинковиќ-Савиќ до сега во дресот на Лацио одигра скоро 200 натпревари и запиша 36 погодоци и 26 асистенции. Се верува дека ПСЖ за неговиот играчки картон ќе плати околу 60 милиони евра.