Дома Фудбал Лаутаро Мартинез: Моравме да ја искористиме можноста да ја освоиме титулата токму против Милан

Лаутаро Мартинез: Моравме да ја искористиме можноста да ја освоиме титулата токму против Милан

Во натпреварот од 33. коло на италијанската Серија А, Интер го совлада градскиот ривал Милан со 2:0 и со тоа ја обезбеди јубилејната 20. шампионска титула на Италија во клупската историја. Така Интер сега ќе носи две ѕвезди над грбот на дресот, а доби и шанса да ја прослави титулата пред навивачите на Милан.

Головите за победа на избраниците на Симоне Инзаги ги постигнаа Франческо Ачерби во 18. минута од натпреварот и Маркос Турам, кој беше прецизен во 49. минута од натпреварот. Стрелец на единствениот гол на Милан беше Фикајо Томори во 80. минута. На пет кола пред крајот Интер има огромни 17 бода предност пред второпласираниот Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клучен играч на Интер во освојувањето на новата шампионска титула оваа сезона беше аргентинскиот напаѓач и капитен на клубот Лаутаро Мартинез. Со 23 гола е убедливо најдобриот стрелец во Серија А, а по мечот против Милан го изјави:

„Сега ми доаѓа да плачам затоа што толку многу работевме и ја заслуживме оваа радост. Титулата ја посветувам на моето семејство во Аргентина, на моите деца, на моите соиграчи и на сите навивачи. Во фудбалот може да се победи и да се изгуби, но јас сум двојно среќен. Им кажав на момците дека сме во ситуација каква што досега не се случила, дека мораме максимално да ја искористиме оваа можност да победиме и да ја освоиме титулата против Милан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…