Најдобриот фудбалер на Интер Лаутаро Мартинез ја прифати понудата за продолжување на договорот до 2029 година.
Според италијанските медиуми, Мартинес наместо досегашните шест милиони евра по сезона, со новиот договор ќе има плата од девет милиони плус боуси и со тоа ќе стане најплатен фудбалер во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лаутаро е член на миланскиот гигант од 2018 година, кога пристигна од Расинг за 25.000.000 евра, па се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Поради тоа за Интер беше приоритет да го продолжи договорот и да го задржи во своите редови.