Дома Фудбал Италија Лаутаро и Скриниар обезбедија победа на Интер со Верона 🎥

Лаутаро и Скриниар обезбедија победа на Интер со Верона 🎥

Тимот на Интер во рамките од 14. коло дојде до победа на гости против Верона од 1:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме во овој дуел не видовме премногу прилики на двете страни и во тој дел не видовме погодоци.

До водство Интер стигна после седум минути игра во второто полувреме преку Лаутаро Мартинез. Мартинез мајсторски реагираше на нафрлувањето на Хакими и ја смести топката во мрежата на домаќините.

Верона само десет минути подоцна преку Илиќ успеа да изедначи. Меѓутоа веќе во 69. минута Скриниар погодува и носи ново водство на „нероаѕурите“.

Со оваа победа Интер изби на првата позиција на табелата со 33 освоени бодови, Милан е втор со 31, но „росонерите вечерва го играат дуелот против Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово е! Родри преминува во Барселона

Барселона и Манчестер Сити постигнаа договор за трансферот на Родри, објавија L’Équi…