Дома Фудбал Италија Лаутаро во судиско продолжение му донесе Суперкуп на Интер🎥

Лаутаро во судиско продолжение му донесе Суперкуп на Интер🎥

Интер го победи Наполи со 1:0 во финалето и го одбрани трофејот во Суперкупот на Италија, на натпревар кој се играше во Ријад.

Херој на „нероаѕурите“ беше Лаутаро Мартинез кој го постигна единствениот гол и тоа во 91-та минута од мечот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интер беше подобар противник во првото полувреме, создаде неколку добри шанси, но не успеа да го совлада голманот Голини.

Во 60-та минута Наполи остана со играч помалку откако Симеоне доби втор жолт картон, па од тој момент Интер доминираше на теренот, а победата стигна во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшен момент: Син на легендарен фудбалер по фрактура на вратот остана неподвижен да лежи на теренот (Видео)

Страшен момент го обележа натпреварот во Италија кога голманот остана неподвижен да лежи п…