Голтерот на Интер, Лаутаро Мартинез ги потврди вчерашните пишувања дека бил многу блиску до Атлетико Мадрид, тимот против кој Интер играше вчера во Лигата на шампионите.
Кога во 2018 година од Расинг се пресели во Интер можел да тргне и кон Мадрид. Лаутаро тогаш имал скоро се договорено со Атлетико, меѓутоа кога Диего Милито влегол во управата на Расинг и дознал за ситуацијата веднаш го побарал Хавиер Занети да реагира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер испратил свои луѓе и брзо ја завршил работата, исто така и Милито разговарл со Лаутаро да го избере Интер пред Атлетико.
„Да, бев блиску до Атлетико. На крајот се сменија работите и пресреќен сум што се пресели во Интер. Овој тим расте и се развива, имаме одлична група на фудбалери“, изјави Лаутаро.
Интер во вчерашниот натпревар со голот на Арнаутовиќ славеше минимална победа од 1:0.