Кандидатот за нов претседател на Барсеона, Жоан Лапорта зборуваше за можноста да го донесе Ерлинг Халанд на „Камп Ноу“.
Лапорта не крие дека е спремен да преземе конкретни чекори за негов трансфер кога ќе биде избран за нов претседател на Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Халанд? Ако треба да го направиме тимот посилен, јас сум спремен да ги изиграм картите“, изјави Лапорта.
Лапорта во предизборната кампања уште еднаш потврди дека ќе стори се за да го убеди Меси да остане на „Камп Ноу“.
„Продолжувам да бидам решен да го убедам Меси да остане. Конкуренција ни се клубови кои се во сопственост на држави и можат да платат повеќе. Меѓутоа, јас сум убеден дека парите не се одлучувачки фактор кај Меси, туку проектот. Јас ќе го убедам дека со него ќе изградиме нова Барса, која ќе се бори за најважните трофеи“, изјави Лапорта.