Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека францускиот фудбалер Осман Дембеле ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Многу се преговараше помеѓу Дембеле и Барселона во претходниот месец од „договорот е само формалност“ дојдоа до проблеми и несогласувања кои кулминираа во преодниот рок кога Барселона се обидуваше да го продаде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дембеле и покрај тоа што му беше јасно кажано дека клубот не смета на него ги одби сите понуди и реши да остане. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а сега стигна и потврда од првиот човек на Барселона дека ќе замине.
„Осман Дембеле нема да биде играч на Барселона следната сезона. Мислам дека има договор со друг клуб. Секако, Чави ќе одлучи дали воопшто ќе игра до крајот на сезоната или не“, изјави Лапорта.