Дома Топ вести Лапорта откри дека клубот е во катастрофална ситуација: Долгот е 1.35 милијарди евра!

Лапорта откри дека клубот е во катастрофална ситуација: Долгот е 1.35 милијарди евра!

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта откри дека ситуацикјата во клубот е исклучително лоша и тој прави се што е во негова моќ да ја стабилизира.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лапорта тврди дека ситуацијата е лоша поради катастрофалното работње на претходниот претседател Бартомеу, и откри некои детали.

„Првото нешто што морам да го кажам е дека, кога пристигнавме во клубот, побаравме заем, бидејќи доколку не го сториме тоа, нема да можеме да го покриеме платниот список. Добивме заем од 551 милион евра со каматна стапка од 1,1 отсто, со цел да го преструктуираме клубот“, истакна Лапорта.

„До денеска вкупниот долг на клубот е 1,35 милијарди евра. Екононската ситуација на клубот е загрижувачка, а финансиската состојба е уште подраматична. Моментално клубот во минус од неверојатни 451 милион евра. Парите се трошеле неконтролирано, Барса за плати троши 617 милиони евра, што е 103% од приходите на клубот. Само за пример, платите во Реал Мадрид се 342 милиони евра“, објасни Лапорта.

„Бартомеу експресно ги потрошил оние 222 милиони евра од Нејмар. Побарал од играчите да ги намалат платите, но никој не сакал да разговара со него. Сме плаќале милиони на посредници. На пример едно лице има добиено 8 милиони евра за скаутирање играчи во Јужна Америка“, истакна Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…