Дома Топ вести Лапорта му објави „војна“ на Реал, тргнува по две големи ѕвезди

Лапорта му објави „војна“ на Реал, тргнува по две големи ѕвезди

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има големи планови и во иднина ќе ја оживее „војната“ со Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Лапорта по 11 години се врати на кормилото на каталонскиот гигант со кој имаше големи успеси во минатото.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Прва желба на претседателот е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и сака да ги искористи добрите односи со менаџерот Мино Раиола за да го донесе на „Камп Ноу“.

„АС“ пишува дека Лапорта ќе тргне и по потписот на Давид Алаба, кој на лето ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент.

Интересно е што овие двајца фудбалери се главна трансфер цел на Реал Мадрид, па не очекува голема „битка“ на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…