Дома Фудбал Останато Лапорта: Меси нема да се врати, а Левандовски и Салах…

Лапорта: Меси нема да се врати, а Левандовски и Салах…

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во интервју за „RAC1“ зборуваше за многу теми меѓу кои и за евентуалното враќање на Лео Меси на „Камп Ноу“.

„Немам добиено сигнал од Меси или од неговите агенти за можноста тој да се врати во Барселона. Нема никакви разговори со Меси за негово евентуално враќање во Барса. Вистината е дека не ја разгледуваме таа можност. Лео е Лео, тој е најдобриот, но мислам дека нема да се врати во Барселона како фудбалер“, откри Лапорта.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Претседателот зборуваше и за можноста Левандовски и Салах да пристигнат во Барселона.

„Станува збор за двајца топ фудбалери. Ако такви играчи ги напуштаат клубовите луѓето мислат дека можат да дојдат кај нас и тоа зборува доволно. Не можам да кажам дали водиме преговори или не, бидејќи можам да му ја отежнам ситуацијата на одговорните за трансфери. Сите играчи сакаат да дојдат во Барселона, но можам да кажам што е вистина, а што не“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…