Кандидатот за претседател на Барселона, Жоан Лапорт жестоко го нападна Реал Мадрид.
Лапорта ќе биде главен фаворит да победи на изборите закажани на 24. јануари и тој уште сега одлучи да тргне со напади на најголемиот ривал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега ја коментираше ситуацијата околу играњето со рака на мечот Еибар – Реал Мадрид кога домашниот тим не доби пенал.
Тој истакна дека не го сака ВАР, но дека некои ситуација и без него се чисти како солза.
„Рамос играше со рака и тоа е очигледно, Еибар не доби чист пенал. Полудев поради тоа. Не го сакам ВАР ја уништува автентичноста на фудбалот. Не можам да се навикнам дека се прекинува славјето при головите, треба да се повлече некоја црвена линија…Ќе разговарам со луѓето задолжени за ВАР многу работи ќе треба да ми објаснат“, изјави Лапорта.
Тој ја коментираше и изјавата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека неговиот клуб бил дискримниран во однос на други клубови.
„Нема никаков аргумент во тоа што го зборува. Во неделата видовме уште еден скандал и не знам како можат да се жалат“, порача кандидатот за прв човек на Барселона.
Ситуацијата за која зборува Лапорта можете да ја погледнете – тука.