Дома Фудбал Лапорта го претстави проектот за новиот „Камп Ноу“: Ова ќе биде најубавиот стадион на светот 🎥

Лапорта го претстави проектот за новиот „Камп Ноу“: Ова ќе биде најубавиот стадион на светот 🎥

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау и претседателот на клубот, Жоан Лапорта денес официјално го претставија проектот за реконструкција на „Камп Ноу“.

Градскиот совет на Барселона издал лиценца за отпочнување со работа веднаш по завршувањето на сезоната, а Барса во текот на сезоната 2023/24 натпреварите ќе ги игра на Олимпискиот стадион.

За финансирање на работите, Барселона подигна заем од 1,5 милијарди евра, 900 милиони евра за „Камп Ноу“ и 420 милиони за „Блауграна“, сала што ја користат кошаркарскиот и ракометниот клуб.

Остатокот од парите ќе ги вложи во стадионот „Јохан Кројф“ кој го користи резервниот тим.

Враќањето на фудбалерите на „Камп Ноу“ се очекува во сезоната 2024/25, но со половина од капацитетот. Работите ќе бидат завршени во текот на сезоната 2025/26, а полн капацитет нема да може да се користи ниту таа сезона.

„Ова ќе биде најубавиот стадион на светот во најубавиот град на светот“, порача Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…