Дома Фудбал Лапорта веќе ја добил најважната честитка!

Лапорта веќе ја добил најважната честитка!

Лапорта вчера убедливо победи на изборите за нов претседател на Барселона, освојувајќи 58% од гласовите.

Така Лапорта се врати на чело на клубот кој го водеше од 2003 до 2010 година кога Барселона редеше големи успеси. Барса ја превзема во еден од најтешките периоди во историјата на клбуот. Каталонците се во големи финансиски порази и резултатите не се какви што посакуваат навивачите. Отворено е и прашањето за Лионел Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува „Марка“ токму Аргентинецот бил помеѓу првите кои му честитал на старо-новиот претседател на победата. Шпанските медиуми претпоставуваат дека победата на Лапорта значи и дека Меси ќе остане на „Камп Ноу“.

Ќе потсетиме, Меси во изминатото лето беше на излезни врати од клубот затоа што беше во конфликт со тогашното раководството кое го избрка и неговиот голем пријател Луис Суарез. Меси бараше раскинување на дговорот, но Бартомеу се повикуваше на клазулата во договорот и не го пушташе да замине без оштета.

Со Лапорта се најавуваат промени, секако на подобро, па ќе видиме дали работите ќе се одвиваат според планираното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…