Дома Фудбал Англија Лампард: Не читам што се пишува, не сум глупав

Лампард: Не читам што се пишува, не сум глупав

Meнаџерот на Челзи Френк Лампард изјави дека не посветува внимание на пишувањата на медиумите за негов можен отказ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ беа поразени на пет од последните осум натпревари во Премиер лигата и поради тоа се почесто се зборува за отказ на Лампард.

„Не читам што се пишува и не ме интересира. Не сум глупав, знам колкав е притисокот да водите клуб каков што е Челзи. Јас само ја работам својата работа, давам се од себе и ќе продолжам така. Секако дека сите се посреќни кога се победува. Јас бев среќен во ноември и октомври, сите клубови во еден период имаат проблеми“, изјави Лампард.

Следниот натпревар Челзи го игра против Лутон во четвртото коло од ФА Купот. Мечот на „Стенфорд Бриџ“ се игра во недела од 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …