Бившиот менаџер на Челзи, Френк Лампард е заинтересиран за тренерското столче во Лестер, пренесуваат англиските медиуми.
Лапмард беше силно поврзуван со клупата на Норвич, но после првичните преговори реши да ја одбие понудата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
43-годишниот Лампард сака да седне на клупата на Лестер, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Брендон Роџерс ќе го напушти клубот.
Роџерс наводно веќе има договор со Манчестер Јунајтед доколку Солскјер добие отказ тој веднаш ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а во спротивен случај ќе ги преземе „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.
Поради тоа Лампард е спремен да ги одбие сите понуди бидејќи негова желба е да седне на кормилото на Лестер.