Менаџерот на Дерби Каунти, Френк Лампард се пошегува пред утрешниот натпревар од 1/8 финалето во Карабао купот, каде неговиот тим ќе игра против Челси.
Лампард после некое време ќе се врати на Стемфорд Бриџ каде помина 13 сезони како фудбалер, а нема сомнеж дека навивачите срдечно ќе го пречекаат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Изгледа дека Лампард е добро расположен пред дуелот со Челси, што се гледа по изјавата за Азар на ден пред натпреварот.
„Според моменталната форма, мислам дека е најдобар играч на светот. Нормално, тоа секогаш може да се промени, но обожавам да го гледам. Тој е сега на својот врв.“ – започна Лампард, па додаде:
„Видов дека го пропушти претходниот натпревар. Се надевам дека му е потребен дополнителен одмор. Мислам дека е уплашен што ќе игра против мојата екипа.“
Натпреварот помеѓу Челси и Дерби се игра утре на Стемфорд Бриџ со почеток во 20:45 часот.