Meнаџерот на Челзи Френк Лампард не сакаше премногу да ги критикува своите играчи после поразот од Манчестер Јунајтед.
Сините на свој терен изгубија од Манчестер Јунајтед со 2:0 во натпревар во кој ВАР им поништи два гола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Доживеавме тежок пораз на многу нивоа. Сепак, не можам да се жалам на она што го прикажаа момците“, изјави Лампард.
ВАР поништи два гола на Челзи на овој натпревар. Прво поради фаул беше поништен голот на Зума, а потоа поради офсајд голот на Жиру. ВАР се користеше и кога беше одлучено Хари Мегваер да не добие црвен картон за ударот во меѓуножјето на Батшуаи кон средината на првото полувреме.
„Мегваер заслужи црвен картон. Тоа ќе променеше се. И нашиот прв гол требаше да биде признат. Жиру беше во офсајд и таа одлука ја разбирам“, порача Лампард.
Челзи после овој пораз е четврти на табелата со бод повеќе од петопласираниот Тотенхем и девет помалку од третопласираниот Лестер.