Дома Фудбал Англија Лаказет не сака да седи на клупата, бара да замине од Арсенал

Лаказет не сака да седи на клупата, бара да замине од Арсенал

Францускиот напаѓач Александре Лаказет сака да ја напушти екипата на Арсенал во финишот од преодниот рок.

Со доаѓањето на Емери на менаџерската позиција, 27 годишниот напаѓач го изгуби стартното место бидејќи менаџерот преферира игра на еден напаѓач, а предност има Обамејанг.

Лаказет е незадоволен со својот статус во екипата. Наводно побарал да замине во финишот од преодниот рок и лесно може да се случи Арсенал да остане без овој фудбалер во наредните денови.

Француските медиуми тврдат дека неколку клубови се заинтересирани и веќе контактирале со Топџиите и сакаат да го ангажираат Лаказет до петок, кога завршува преодниот рок.

Тие откриваат дека французинот  би можел да се врати назад во Франција или евентуално Шпанија.

Арсенал не би сакале да го продадат Лаказет барем до јануари за да можат да донесат адекватна замена. Сепак, тој силно сака да замине, затоа што едноставно не сака да ја грее клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oткриено каде Грилиш ќе ја продолжи кариерата

Остануваат само неколку дена до завршувањето на трансфер периодот, а едно од најголемите п…