Селекторот Кирил Лазаров ја даде својата прва изјава по извлекувањето на групите за Еввропското првенство 2024 година.
Македонија немаше многу среќа и ќе мора да игра во тешка група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија. Лазаров е свесен за тоа во каква група играме, но не се откажува.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Добиме екстремно тешка група и ќе работиме напорно да го подигнеме нашето ниво во наредниот период, да можеме барем достојно да се бориме со светските велесили во ракометот. Би звучело нескромно да се биде оптимист во ваква група, но надежта не смее да се загуби.
Потребна е голема жртва и посветеност, создаваме нова компетитивна смена на генерации. Верувам во момците и очекувам да дојдат резултати од нашата работа“, изјави Лазаров.